Марш за убиените или исчезнатите девојчиња и жени во Мексико

Стотици семејства на жени и девојчиња, кои се убиени или се водат како исчезнати, маршираа во Мексико сити барајќи правда за жртвите.

Учесниците на маршот кои тргнааа од споменикот на независноста кон плоштадот, носеa крстови со имињата на десетици жртви. Маршот е одржан еден ден по одбележувањето на денот на мртвите наречен „ден на мртвите жени“.

Според податоците на Обединети нации во Мексико секој ден гинат по девет жени. Организаторката на маршот Фрида Гереро изјави дека учесниците бараат од властите да покажат „вистински интерес“ за решавање на случаите убиства на жените.

InterServer Web Hosting and VPS