Мбапе уште на заминување од Монако открил каде ќе игра после ПСЖ

Француската тинејџерска суперѕвезда Килијан Мбапе веќе трета сезона е дел од Пари Сен Жермен и буквално на секој меч импресионира со своите настапи, откако претходно експлодира во дресот на Монако, а актуелниот директор на „кнежевството“ објави дека уште на заминување од Монте Карло, францускиот репрезентативец знаел каде ќе игра по авантурата во родниот Париз.

Мбапе е роден парижанец, а во последно време се поврзува со џиновски и веројатно светси рекорден трансфер во ПСЖ. Најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид сака да го види во своите редови, а шпанските медиуми од поодамна објавуваат дека првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез е опседнат со Мбапе и дека по секоја цена сака да го ангажира.

Но, очигледно и Мбапе сака да игра во Реал Мадрид, зашто на заминување од Монако, најавил дека негова дестинација ќе биде „Сантјаго Бернабеу“ откако ќе мине неколку години во Париз.

„Кога заминуваше за Париз само рече: ‘Сè уште е рано, само една година играм во мојата земја. Јас сум парижанец, не сакам туку така да си заминам. Прво да станам голем тука, па Реал Мадрид може да почека’“, изјавил Вадим Василјев, бившиот потпретседател на клубот од Монте Карло.

Мбапе со ПСЖ има договор до 2022 година, но тешко дека ќе го одработи договорот до крај и уште отсега се најавува можност Реал за преку 300 милиони евра да го донесе во Мадрид веќе на лето.

InterServer Web Hosting and VPS