Листата е составена, едно звучно име е на врвот: Баерн го пикираше кандидатот број еден за наследник на Ковач

Она што го посакуваа најголем дел од навивачите на Баерн Минхен, доби своја потврда во недела вечерта, откако клубот соопшти дека по взаемна инцијатива, постигнат е деоговор за разделба со Нико Ковач.

Хрватот покажал доблест и самиот ја понудил својата оставка на средбата со првите луѓе на клубот, а иако првично беше пренесено дека ќе му бидат дадени уште два меча, одговорните лица го прифатиле отказното решение на Ковач кое мора да се признае дека беше неминовно. Нико беше под сериозен притисок и беше само прашање на време кога ќе се прелие чашата, а пред да добие отказ од клубот, одлучи пријателски да се раздели и да му дозволи на Баерн да си бара нов тренер во следниот период.

Бидејќи за можната разделба веќе се подготвуваше терен веќе извесно време, угледниот „Билд“ пренесува дека Баерн веќе има составено и листа од посакувани кандидатим, а според сознанијата на респектабилниот весник кој прв ја пренесе веста за заминувањето на Ковач, прв пик на германскиот првак е Масимилијано Алегри.

Италијанскиот стручњак најави дека ќе мине сезона без ангажман по разделбата со Јувентус, но во клубот веруваат дека ќе го премислат во оваа одлука, а наредните денови ќе ни докажат дали ќе успеат во такво нешто, или пак ќе мора да се потпрат на некоја од останатите варијатни на подготвената листа на потенцијални замени за Ковач.

InterServer Web Hosting and VPS