Вучиќ бара од ЕУ да каже од што се отруени членовите на ЦИК во Приштина

Српскиот претседател, Александар Вучиќ денеска повторно ја праша портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчич дали може да каже со каков отров се имаат отруено членовите на Централната изборна комисија (ЦИК) во Приштина, додавајќи дека му е жал што ниту ЕУ, ниту американскиот специјален претставник за Западен Балкан Метју Палмер не се занимавале со толку важно прашање.

Вучиќ на својот Твитер профил, потсети дека се поминати три недели од случајот со „труењето” на членовите на ЦИК на Косово и повтори дека додека бил жив, нема да се откаже од трагањето за одговорот на ова важно прашање.

-Поминаа повеќе од три недели откако Албанците тврдеа дека имало масовно труење на етничка основа во ЦИК во Приштина. Те молам, драга Мајо, конечно да ни кажете дали станува збор за антракс, новичок или за средство за чистење на мебел. П.С. Додека сум жив, нема да се откажам од потрагата за одговорот на ова важно прашање. Жал ми е што оваа важна работа, во која, наводно, учествувале Срби, очигледно не се разгледува ниту од ЕУ, ниту од Метју Палмер. Јас ќе се занимавам со ова. Однапред благодарен, напиша Вучиќ.

InterServer Web Hosting and VPS