Рација во пет угостителски објекти во Гостивар, еве што пронајде полицијата

Ноќеска во времето од 00,30 до 03,30 часот била извршена акциска контрола во пет угостителски објекти во Гостивар за откривање на малолетници кои престојуваат подолго од законски дозволеното време и кои конзумираат алкохол.

Во контролата откриени се 13 малолетници.

Исто така во акциската контрола биле приведени А.Ш.(26) и О.П.(27) од Р.Албанија и С.С.(25), М.Ј.(29) и А.Ф.(25) од Р.Србија поради нерегулиран престој во РСМ.

InterServer Web Hosting and VPS