Се прежени пратеникот Мухамед Зекири, Заев кум на младенците

Пратеникот Мухамед Зекири се венча со поранешната директорка на телевизијата Алсат М, Бисера Јордановска.  Венчавката се случила во хотелот Double Tree by Hilton, каде потоа продолжила свадбената веселба – јави порталот Фактор.

Кум на свадбата бил премиерот Зоран Заев заедно со неговата сопруга Зорица Заева. На свадбената прослава присуствувале и блиските пријатели на Зекири и Јордановска, меѓу кои бројни новинари, нивни поранешни колеги.  

Зекири и Јордановска биле во долгогодишна врска, и на двајцата ова им е втор брак, а пратеникот од претходниот брак има и две деца.

InterServer Web Hosting and VPS