Renault Arkana може да дојде во Европа до 2021 година

Renault може да ја прошири својата SUV постава на Стариот континент со воведување на Arkana од Русија, каде беше лансиран во почетокот на оваа година.

За разлика од моделот продаван во Русија, европскиот Arkana треба да добие неколку надградби и измени, а се очекува и RS Line изведбата со специфични стилски карактеристики. Француската публикација наведува дека централната конзола ќе биде дополнително подигната внатре за да се понуди полесен пристап до инфозабавниот систем и менувачот на степени.

Погонскиот спектар исто така би можел да биде ревидиран, така што се очекува 1,6 литарскиот бензински мотор со 114 коњски сили и пет-степен мануелен менувач да не биде пренесен. Наместо тоа, најверојатно ќе биде понуден 1,3 литарскиот TCe со 150 коњски сили, споен со X-Tronic CVT, додека исто така се очекува и други единици бидат додадени во опсегот.

Arkana

Нивото на опрема на тековниот Arkana е прилично пристоен, со 8-инчен инфозабавен систем и екран на допир, Android Auto, Apple CarPlay, Bose аудио систем, амбиентално осветлување и неколку системи за безбедност, како што е 360 камерата и следењето на слепата точка. Погонот на сите тркала е задолжителен и чини 100,000 рубли, што е еднакво на 1.554 евра.

Зборувајќи за цени, во Русија основниот Arkana чини 14.340 евра. Доколку моделот навистина стигне на европскиот пазар, тој ќе се наоѓа на позицијата помеѓу Captur и компактниот Kadjar.

Arkana
InterServer Web Hosting and VPS