Заев: 100 милиони евра за електричен трамвај на тркала

Ќе земеме кредит од 100 милиони евра за електричен трамвај на гуми во Скопје како дел од мерките за намалување на аерозагадувањето во главниот град, одговори денеска премиерот Зоран Заев на пратеничко прашање за проблемот со загадувањето.

„Скопје деновиве е европски шампион во загадување. До која фаза ви е гасификацијата каде е новиот современ јавен превоз во Скопје, гасификацијата на болницата во Чаир и студентскиот дом Кузман Јосифовски-Питу, зошто субвенциите за инвертерите доцнат. Доста е веќе од вашите одговори кои почнуваат со ’ќе‘“, праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев.

„За гасификацијата ништо не беше направено од претходната власт. 83 отсто од предвидените работи за гасификацијата се завршени, сите општини добија налог да направат проекти и модел според кој ќе стигне гасот до граѓаните. Во 2020 година секундарната и терцијарната мрежа ќе почне да се гради во поголемите општини. Со град Скопје ќе влеземе во воведување електричен трамвај на гуми за што се потребни 100 милиони евра. Ќе подигнеме кредитна линија за да можеме да воведеме еколошки превоз како мерка против загадувањето“, рече Заев.

InterServer Web Hosting and VPS