Јувентус подготви 40 милиони евра за Халанд, за да го „украде“ норвешкото чудо од дете фаќа врски кај Рајола

Газета дело Спорт пренесе дека Јувентус крои планови за ангажман на талентираниот Ерлинг Браут Халанд, „старата дама“ подготвува 40 милиони евра а фаќа врски и кај Мино Рајола.

Норвежанецот подолго време е на агендата на голем број клубови, а по одличните партии во Лигата на шампионите оваа сезона и шест погодока на три меча, се почесто се говори за негов трансфер.

Оваа недела се појавија гласини кои велеа дека Наполи се откажува од трката, клубот од Сан Паоло смета дека нема шанси да го ангажира Ерлинг Браут Халанд бидејќи играчот решил да се пресели во Манчестер јунајтед кај својот сонародник Оле Гунар Солшер.

Но Јувентус не губи надеж и според Газета дело Спорт, „старата дама“ крои планови за ангажман на талентираниот напаѓач.

Новинарот Николо Скира вели дека шампионот на Италија подготвува 40 милиони евра, а за да ја победи конкуренцијата, фаќа врски кај Мино Рајола кој треба да го убеди Халанд дека Торино е правата дестинација. Контроверзниот агент се грижи за кариерата на Норвежанецот и му дава совети за чекорите кои треба да ги превземе.

InterServer Web Hosting and VPS