Пеколот започна по свршувачката! Толерирав поради бременоста, се будев целата во пот!

Тој мене не ме удри, тој ме претепа – изјавила српската пејачка за „Информер“

– Секоја жена пред да стапи во брак, покрај љубовта, треба и да го запознае својот партнер. Јас бев занесена и заљубена. Одма по свршувачката започна мојот пекол. Трпев бидејќи имав ризична бременост и се посветив на тоа да родам здраво девојче, а проблемите ги ставав под килим. Подоцна се кулминираше – вака ја започнува својата исповед српската пејачка Наташа Беквалац по разводот со Лука Лазукиќ за српскиот таблоид – Информер.

– Се уште имам лошо чуство во стомакот кога ќе се сетам на тоа. Страшно психичко и физичко малтретирање. Како и секоја жртва на насилство, изгубив самодоверба и бев отсечена од семејството и пријателите… Останав сама – продолжила Беквалац.

– Тој мене не ме удри, тој ме претепа. Тоа беше крај, бев понижена, но за мене полошо од ударите беше судскиот процес, бидејќи во судницата се чувствував дека јас сум крива и како да е обратна ситуацијата, особено кога ме прашаа – „дали мислите дека е во ред што нагло го разбудивте вашиот маж“, се обидоа да ме направат виновна, а јас почнав да верувам дека можеби и сум, но докажав дека не сум, бидејќи вештачењата покажаа дека не би можела да се повредам сама.

– Хиперсензитивна сум, па побарав помош од психотерапевт за да не бидам трајно емотивно оштетена. Со месеци спиев само по 2-3 часа, се плашев да заспијам бидејќи имав кошмари, се будев целата во пот, исцрпена – изјавила познатата пејачка.

Сепак, таа вели дека сепак важно и било нејзините ќерки да имаат добар однос со татковците.

– Најважно ми е децата да имаат добар однос со нив. Хана го има, а се надевам дека и Катја ќе го има./slobodenpecat.mk

InterServer Web Hosting and VPS