Одбројување до бурата

Предвремените парламентарни избори, закажани на 12ти април означуваат целосен застој во државните процеси и вниманието од јавноста ќе биде насочено кон изборот на новата влада која ќе ја предводи Северна Македонија кон прогрес или регрес. Меѓутоа без разлика на изборите и нивното значење, правораздавањето и одлучувањето по крупните предмети не смее да трпи политички пазарења или тактизирања. Имено сите бевме љубопитни да видиме кои ќе бидат првите суштински реформи и пакет на закони, а сега сме љубопитни да ја видиме нивната имплементација во практиката. Работата што ќе ја детерминира перцепцијата за оваа власт е пред сé реформата за зајакнување на независноста и транспаретноста на првосудството во зацртана во извештаите за напредокот на земјата од Европската комисија.

Меѓутоа, како мала дигресија од партиските реторики, како клучни реформи од државен интерес, а делумно исполенти, остануваат: донесувањето на законот за јавно обвинителство со кој се решава судбината на СЈО; правната кулминација на случаите на СЈО; рекет и клучните реформи во правосудството. Овие прашања се најгорливите национални проблеми што мора да се решат во поскоро време, за да може политичката елита да и овозможи на сопствената земја да оди напред, да се развива. Секое одбегнување на пронаоѓање решение за овие прашања ја води државата и владеењето на правото кон поголема консеквенца. Консеквенцата е дека Северна Македонија би пропаднала на скалата на меѓународниот рејтинг без крај. Не само што ќе докажеме спротивното дека Франција била во право со ставањето на вето на процесот за преговорите, туку ќе достигнеме опасно ниво на изолација. Изолацијата ќе има дополнителни консеквенции на стабилноста на меѓуетничките односи и општо внатрешната стабилност на државата.

Општо познато е дека Поглавјето 23 (Chapter 23) од преговорите за членство во ЕУ прво се отвора и последно се затвора. Тоа е сизифов напор на права реформа на правосудсните институции и менталитетот во постапките, што дава сигнал дека земјата развила правосудствто кое е во чекор со правосудствата на земјите членки на ЕУ. Во согласност со ова, зајакнувањето на капцитетите на правосудството и играчите во него го напушта парадоксот на доминација на партискиот, а слабеење на државниот интерес. Кон тоа користењето на реторика што е неостварлива и чија последица е постојано слабеење на правосудството не е позиција дали тоа се однесувало на власта или на опозицијата која претендира власт.

Принципот на Јанусово лице го отсликува начинот на дефинирање на владеењето на правото и правната теорија во државава од страна на власта и од страна на опозицијата и покажува дека има силно различни радикални квалификации. Во објективна правна смисла правдата значи принцип, идеја која е нормативно дефинирана во теорија што поставува правила на огра во вид на регулативи и приоритети за тоа како правно да се уреди државата за да се постигне целта на владеење на правото, односно лојалноста на државата кон правото. Во оваа перспектива во практиката кај нас правдата преминува во определени толкувања од страна на власта и од страна на опозицијата и нивните вредносно-морални определувања. Секако целта на опозицијата е да ги следи процесите на власта и да предлага конструктивни и разумни решенија во склоп на државните регули, за да може да биде јасен коректив на власта. Меѓутоа за таа цел опозицијата мора кадровски да се реформира односно целосно исфрлање на претходните правни приоритети кои силно го дефинираа режимот на таа елита. Со еден збор без партиската реформа, нивната концепција за правдата е реваншистичка, корпоративистичка и завршува во соодветен политички систем кој припаѓа на авторитарните диктатури на државно владеење.

Од друга страна, за власта – правниот прагматизам кој беше покажан за решавање на проблемите во правосудството, а со силна изразеност на интерпартиските групи за донесувањето на законот за јавно обвинителство беше позитивно но кревко правно решение. Покрај инклузивниот пристап, простата логика налага дека доколку не можеш да ја замислиш опцијата за излез од преговори за клучен закон, воопшто не влегувај во проговори со опозицијата. Воопшто не смее да има преговори за закон кој го инкорпорира правното, моралното и вредносното определување на државата vis a vis криминалот, бидејќи во спротивно ја поткопува легитимноста на политичката моќ. Меѓутоа инклузивниот пристап што го прави власта е за поздрав, но прешироко определен ќе има негативни последици во дефинирањето на правните приоритети.

За одјава, во објективната страна важнно е да има целосна правосудна револуција која нема да зависи од текот на политичките процеси, изборите и замрзнувањето на државата во тој „изборен“ период преку зајакнување на улогата на судот примарно и другите правосудни институции кои ќе бидат независни до тој степен што тие ќе бидат коректив на власта, а не обратно. Политички компромиси за правосудствто меѓу власта и опозицијата секогаш ќе има – ќе направиме компромис ваму, ќе направиме компромис таму – но не смееме да дозволиме во тој процес правдата да заврши компромитирана.

М-р Андреј Божиновски

Правен советник

InterServer Web Hosting and VPS