Бејл: За Брегзит знам, Џонсон мислев дека е градоначалник, а не премиер

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл, во интервју за лондонски „Телеграф“, изјави дека не знае кој е премиер на Велика Британија. Велшанецот тврди дека живее во „сопствен балон“, изолиран од светските вести, па не знае ниту кој е Борис Џонсон.

„Знам за Брегзит, тоа влијае врз моите инвестиции. Но, не знам кој е премиер на Велика Британија. Борис Џонсон е? – Не знаев. Мислев дека тој е градоначалник. На телевизија гледам само голф“, изјави Бејл, кој денеска од Мадрид замина за Лондон, и предизвика контроверзи.

Според некои, отишол да преговара за трансфер во некој англиски клуб, а спорeд други заминал поради приватни обврски, бидејќи и така не може да игра поради повредата.

InterServer Web Hosting and VPS