Магични серпентини: Погледнете ги овие планински патишта со многу кривини

Луѓето успеале да дојдат до многу зафрлени краеви, но на некои места природата успеала многу да ги намачи.

Закривените патишта секогаш имаат интересен изглед, но оние кои се возат по нив и не уживаат толку. Во кинескиот округ Таџкорган Тајик постои пат кој води до висорамнината Памир, која се наоѓа на 3.200 до 4.200 метри надморска висина. 

Локалното население овој пат уште го нарекува и “Небесен планински пат”, а доколку сопрете на некоја од серпентините, погледот на околината би бил неверојатен. Поради големите кривини, патот бара многу, па не може било кој да дојде до врвот.

Ваков пат постои и во Италија и се нарекува Премин Стелвио. Овој пат води преку Алпите кон границата со Швајцарија и се наоѓа на висина од 2.757 метри. Патот е направен кон средината на 19-тиот век, но станал познат дури кога велосипедскиот турнир “Џиро Д’Италија” почнал да се вози по овој пат.

Во Романија постои пат со име Трансфагарашан, а минува преку највисоките врвови на Карпатите. Станува збор за авто-пат кој ги поврзува Трансилванија и Влашка, а прооден е само во летните месеци, а поради локацијата и бројот на кривини се нарекува уште и “Глупоста на Чаушеску”, бидејќи овој авто-пат бил изграден за време на неговата власт.

Луѓето од поранешна Југославија познаваат пат сличен на овој. Станува збор за кривините кои ги поврзуваат Котор и Цетиње, откаде се пружа и еден од најубавите погледни на Бока. Овој пат се нарекува Которска каница, а во еден дел, на рамно, патот ја формира буквата “М”, која наводно претставува посвета на црногорската кнегиња Милена./tocka.com.mk

InterServer Web Hosting and VPS