Nissan размислува да ги продаде своите две фабрики во Европа

Nissan ја истражува можноста за продажба на две фабрики на стариот континент, со оглед дека овој јапонски производител подготвува план за закрепнување додека глобалната авто-индустрија прави скапи движења кон електричните возила.

Повикувајќи се на неименувани извори запознаени со темата, Bloomberg пренесува дека Nissan веќе бележи интерес на потенцијални купци за своите фабрики во Велика Британија и Шпанија.

Другата опција која производителот ја истражува е да продаде една од фабриките, бидејќи пазарниот удел на брендот, во Европа се намали. Иако конечна одлука сè уште нема, помеѓу потенцијалните купувачи на овие фабрики се индивидуални кинески компании.

Добивката на Nissan во текот на првата половина од годината падна скоро на нула, а новиот извршен директор Макото Учида се соочи со проблеми на почетокот на својот мандат.

Меѓутоа, портпаролот на Nissan, Азуса Момосе, изјави дека во овој момент јапонскиот производител не планира да ги продава своите два погони во Европа.

Nissan уште во јули објави дека планира да укине 12.500 работни места ширум светот, бидејќи сака да се фокусира на својот домашен пазар, како и на Кина и САД.

Покрај тоа, Nissan размислува увоз на своите модели во Европа директно од Јапонија, сега кога трговските бариери со ЕУ прекинаа. Ако направи таков потег, повеќе нема да му требаат фабрики во регионот.

Јапонскиот производител на автомобили, исто така, планира да намали голем број на непрофитабилни модели, вклучувајќи ја и нискиотбуџетната марка Datsun во целост. Наводно и Nissan Micra е еден од нив.

Nissan веќе објави серија мерки за намалување на трошоците во Европа, вклучително и укинување на 600 работни места во својата фабрика во Барселона, која во моментов работи со капацитет под 200.000 возила годишно.

Фабриката во Велика Британија, во Сандерленд, исто така беше во фокусот, бидејќи Nissan ги предупреди локалните власти дека Брегзит без договор ќе го направи овој објект неодржлив.

InterServer Web Hosting and VPS