Презентација на заложбите за инклузивни изборни процеси

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива и Државната изборна комисија (ДИК), денеска ќе ги презентираат заложбите за создавање инклузивни изборни процеси.

Наодите, заклучоците и препораките од извештајот за мониторингот на Претседателските избори во 2019 година спроведен од страна на набљудувачи со попреченост.

На презентацијата ќе присуствуваат претставници на ДИК, Интернационалната фондација за изборни системи, на министерствата за локална самоуправа, за информатичко општество и администрација и за труд и социјална политика, како и на меѓународни и домашни организации кои работат на оваа проблематика, медиуми, граѓански организации и претставници на политички партии. /МИА

InterServer Web Hosting and VPS