Солскјер има само 100 милиони фунти за засилувања

На Оле Гунар Солскјер му се одобрени само 100 милиони фунти за ангажман на нови фудбалери, дополнителните средства зависат од продажба на играчи.

Во денешно време кога цените на фудбалерите се енормно високи, две квалитетни засилувања тешко можат да се купат за 100 милиони фунти, но тоа е буџетот кој му е одобрен на Солскјер за трансфери.

Сепак, средствата може да бидат зголемени со продажба на дел од играчите.

Се шпекулира дека Пол Погба и Лукаку може да заминат, а би можел да си оди и Де Геа.

Тоа се тројца играчи од кои можат да се добијат големи суми кои подоцна можат да се искористат за ангажман на нови засилувања.

InterServer Web Hosting and VPS