Бразилец ги трошел донациите за болниот син на дрога и жени, детето починало

Двегодишно момче кое боледувало од невромускулна болест почина минатата недела во Бразил, откако неговиот татко наводно ги украл парите собрани за лекување и ги потрошил на забави.

Малиот Жоао Мигел Алвес починал на 17 октомври по долготрајна борба со ‘рбетната мускулна атрофија. Полицијата го уапсила неговиот татко Матеуш Енрике Алвеш (37) неколку месеци порано, на 22 јули, една недела откако тој бил пријавен од неговата сопруга.

Бразилецот бил пронајден во луксузен хотел каде што престојувал речиси два месеца, откако потрошил 150.000 американски долари на дизајнерска облека, часовници, дрога, проститутки и пијалаци, информираа локални медиуми, а пренесе „Дејли меил“.

Лекарите на малиот Жоао му дијагностицирале ‘рбетната мускулна атрофија (SMA) кога имал седум месеци. Матеуш и неговата сопруга Карин Родригез ја објавиле својата тешка положба на социјалните медиуми во 2018 година за да соберат пари за третманот на својот син.

Секоја доза на лекот „Спинраза“, кој се користи за да се спречи прогресијата на болеста, чинела 90.500 долари. На семејството му требало речиси една година за да собере 248.000 долари. Собраните пари биле ставени на четири сметки, две на Матеуш и две на неговата сопруга Родригез.

Матеуш, по собраните донации, го известил семејството дека ќе оди во градот Бело Хоризонте за да помине обука за работа како чувар. Неговата сопруга почнала да се сомнева откако тој ги посетил само неколку пати и откако увидела дека од сметката исчезнуваат огромни суми пари.

InterServer Web Hosting and VPS