Уште четири земји треба да го ратификуваат протоколот за НАТО

Владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија преку соопштение информира дека преостануваат ратификации од уште четири земји членки, до официјално пристапување во НАТО.

„Сенатот на САД вчера со огромно мнозинство, 91 глас за и само 2 против, го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО. Република Северна Македонија е на прав пат. Се остварува врвен стратешки и национален интерес поставен од денот на независноста – полноправно членство во НАТО Алијансата“, велат од СДСМ.

Социјалдемократите нагласуваат дека членството во НАТО гарантира безбедност и стабилност на државата и трајно осигурување на нејзините граници. Истовремено, членството во НАТО значи и повеќе инвестиции, стабилна економијата, нови работни места и повеќе пари во секое семејство.

За девет месеци, Протоколот за членство во НАТО го ратификуваа 25 држави.

InterServer Web Hosting and VPS