Трамп изгубил пет милијарди долари откако е претседател

За време на претседателскиот мандат Трамп можел да заработи меѓу две и пет милијарди долари, изјави тој.

„Да сум повторно во таа ситуација би го направил истото бидејќи кому му е грижа, ако можеш тоа да си го дозволиш тогаш не е важно“, истакна Трамп.

Тој бил вознемирен што морал да се откаже од својот план за организирање состанок на врвот на Г7 во своето голф-летувалиште во близина на Мајами. Републиканците и демократите остро го критикуваа неговиот план, а беше обвинет и дека профитира од претседателската функција.

Трамп ја отфрли „наводата одредба за заработувачка“ во американскиот Устав, со која им се забранува на претседателот и на пратениците да профитираат од своите функции.

Неговите деца презедоа поголем дел од водењето на семејниот бизнис.

„Не постои разлика дали загубив две, пет или помалку милијарди. Не ми е важно. Работам за оваа земја и за луѓето“, додаде шефот на САД.

InterServer Web Hosting and VPS