Цеца прозборе за љубовта со Аркан: „Јас него го викав Буцко, а тој мене Цецко!“

За љубовта на Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражантовиќ Аркан се зборува и пишува многу. Двојката се венча во далечната 1995 година и нивната свадба беше прогласена за свадба на деценијатаа. Иако денес Аркан не е меѓу живите, пејачката после него се нема премажено, а во повеќе наврати до сега има истакнато и дека не постои таков маж кој што би можел да го замени и да го завземе неговото место.

Јас него го викав Буцко, а тој мене Цецко. Ми нудеше сигурност каква што сакаат сите жени. Се фалеше дека сум го фатила со чоколадо, но не е така. Аркан мене ми купуваше чоколади. Запознав едно сосема друго човечко суштество од она кое ми го претставуваа. Тој беше строг со војската, со мене и децата беше златен, откри Цеца во едно неодамнешно интервју.

Инаку, пред Цеца, Жељко Ражнатовиќ бил 13 години во брак со Наталија која била негова голема љубов.Иако многу се сакале средбата со Цеца била судбоносна и тој се заљубил во тогаш младата пејачка.

Аркан и Наталија имаа четири деца кои заминале во странство со мајката кога родителите се развеле.

Имав три брака но не бев женкар. Кога се заљубив во Цеца веднаш и кажав на Наталија – изјавил во деведесеттите години Аркан.

InterServer Web Hosting and VPS