Ван Дам славеше роденден во дворецот на Драгана Мирковиќ

Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ се добри пријатели со Ван Дам, па не го криеја воодушевувањето кога Ван Дам изразил желба да го прослави својот 59-ти роденден во нивниот дворец.

„Бевме воодушевени кога Џеј Си, како што тој сака да го нарекуваат пријателите, рече дека сака да дојде и да го прослави роденденот со нас. Иако претходните денови ги поминав дома поради настинка, одлучив дека ништо нема да ме спречи да му приредиме убава прослава. Како што сакаше славеникот, немаше големо друштво, туку само неговото и моето семејство и тоа навистина беше ден за паметење“ изјави Драгана.

Колку глумецот беше воодушевен со гостопримстворо сведочи фактот што на друштвените мрежи делеше слики и снимки од прославата на роденденот, а Драгана во вклучувањето во живо роденденот му го честита и со песна./slobodenpecat.mk

InterServer Web Hosting and VPS