Три лица повредени во сообраќајка во скопско

Скопје, 21 октомври- Три лица од кои едно потешко се повредени во сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 11:40 часот на крстосницата од ул.„Јадранска магистрала” и локален пат за с.Никиштани.

Во несреќата учествувале „Голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(21) од Скопје и патничко возило „Шевролет лачети“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.О.(20) од село Никиштани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Х.(20), сопатничка од возилото „голф” и била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски” за укажување на лекарска помош. Додека, со телесни повреди се здобиле А.О. и сопатничка од истото возило О.Х.(45) и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје.

InterServer Web Hosting and VPS