ВМРО-ДПMНЕ: Неопходно е обединување за обнова на Македонија

Никогаш да не се повтори ваква криминална и антимакедонска власт.Никогаш да не се повтори ваков грабеж и распродажба на националните интереси.Никогаш да не се повтори ваква расипничка, неспособна и измамничка влада.Никогаш да не се повтори Зоран Заев и неговиот криминален картел, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Македонија и нејзините граѓани не заслужуваат да бидат потценувани и казнувани заради арамии кои за пусти пари би се откажале од се што е свето.

„Владата на Зоран Заев и крими ликовите околу него падна.Сега е неопходно обединување за обнова на Македонија. Сега е неопходно секој да излезе и да каже што мисли за Рекет, крвавите тендери, криминалните иновации. Сега е неопходно секој да излезе и да каже што мисли за ниската откупна цена и проблемите со откупот на земјоделските производи, за земјоделците кои во скинати патики работат по нивите додека министерот им доаѓа на протест во брендирана гардероба.

Сега е неопходно секој да излезе и да каже што мисли за милионските задолжувања без ниту една капитална инвестиција.Сега е време да му се каже на Зоран Заев дека заминува како најголемиот срам на македонскиот народ. Сега е време да им се порача на сите идни корумпирани ликови кои со лаги и измами планираат да дојдат на власт дека народот е мудар и казнува.На Македонија и требаат чесни и честити политичари. На Македонија и треба обнова“, се вели во соопштението.

InterServer Web Hosting and VPS