Пратениците денеска ќе расправаат за законите за стечајците и за доверливи информации

Македонското Собрание денеска треба да ја продолжи 114. седница на која се останати за разгледување уште неколку предлог-законски решенија. На дневен ред во второ читање се ставени дополнетиот предлог за измени и дополнувања на Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, дополнетиот предлог на закон за изменување на Законот за воздухопловство и дополнетиот предлог на закон за Инспекторатот за употреба на јазиците.

По скратена постапка ќе бидат разгледани неколку законски решенија поднесени од пратеници од парламентарното мнозинство, а во прво читање на дневен ред се предлогот на закон за доверливи информации и предлогот на закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата.

Пред пратениците ќе биде и посебниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за претседателските избори и предвремените избори за градоначалник на Охрид, Ново Село и Дебар.

На дневен ред е и предлог одлуката за основање на Анкетна комисија за утврдување на прекршувањето на законите и злоупотребите во работењето на СЈО, поднесена од група пратеници од опозицијата.

InterServer Web Hosting and VPS