Мицкоски: Албанци во Гостивар ме прегрнуваа и ми кажуваа дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ

Запрашан за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ очекува гласови од Албанците и од другите помали етнички заедници, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, се пофали со состојбата на терен.

Тој рече дека при неодамнешната посета на Гостивар, Албанци кои биле седнати во кафулињата станувале за да го поздрават, го прегрнувале и му кажувале дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на следните избори, разочарани и од СДСМ и од албанските партии.

InterServer Web Hosting and VPS