Пандов за Журнал: Заев ги излажа граѓаните, итно да се распишат предвремени избори

Скопје, 18 октомври, Журнал.мк – Конечно, Северна Македонија и Албанија останаа со „прсти во устата„. Ова како последица од одбивањето од страна на францускиот претседател, Емануел Макрон кој не дозволи овие две земји да ги започнат преговорите за пристапување во како што го нарече сам Макрон, големата и убавата куќа – Европска Унија, пишува Журнал.

Од вчерашната седница на европските лидери во Брисел, иако сите други европски лидери повикаа да им се дозволи на Македонија и Албанија да ги започнат преговорите, сепак, беше Емануел Макрон тој кој што преку својот говор, ги згасна надежите на овие две мали држави од Балканот.

„Европа е една голема и убава куќа каде сите живееме заедно. Имаме луѓе кои што сакаат да излезат од оваа куќа и други кои што одбиваат да фрлат пари за да инвестираат во оваа куќа, истотака има и од тие кои што бегаат, ние треба да повикаме нови пријатели во оваа куќа. Се сложувам дека треба да се постигне едне вид бонсенс за ова прашање и сеуште не сме тотално во оваа точка. Ја поздравувам храброста и постигнувањата кои се направени од страна на челниците на Албанија и Северна Македонија, тие направиле голема работа во своите земји последните години, јас го гледам тоа и сакам да испратам еден позитивен сигнал. Сакам да речам, како и канцеларката, мислам дека овој регион е стратешки значаен за Европа. Мислам дека имаме сеуште работи да финализираме, после да ги отвориме преговорите„, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Од тука дојде и очајот кај функсионерите и граѓаните на Северна Македонија. Беше тежок удар од Европа. Ова беше главната цел на Владата, Европа! За ова се одржа чак и референдум за промена на името, само да им се придружиме на оваа голема и убава куќа.

Од вчера и денеска, реакции имаше од сите партии и функсионери. Премиерот Заев изјави дека од ова одбивање ќе излеземе уште посилни и по искусни. Но што ни треба оваа сила и искуство кога земјата изгуби скоро се, а не доби ништо.

Македонската опозиција, ВМРО-ДПМНЕ побара итна оставка од премиерот Заев и предвремени парламентарни избори поради што како што велат, Владата не успеа да ги започне преговорите за во ЕУ и со тоа ги излажаа граѓаните.

Во една изјава за Журнал, политичкиот аналитичар Александар Пандов потенцираше дека оваа Влада во чело со Заев не направи ништо освен лобирање за пристапување во ЕУ и НАТО, а за ова првото не успеа.

Пандов вели дека земјата сега кога не доби датум, и онака е во еден вид политичка криза, но има шанси таа криза да се продлабочи уште повеќе ако нема нови парламентарни избори.

„Сега кога и официјално нема датум за преговори, најмногу што можеме да добиеме е датум за датум за преговори, но и ова сигурно нема да се случи. Во таква ситуација, Македонија веќе се наоѓа во политичка криза заради што коалицијата СДСМ-ДУИ, главна цел, се што направија, а се што не направија, беше Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО, пред се на БЕ„, потенцира Пандов.

Пандов смета дека премиерот Заев освен македонците, ги излажа и албанците, особено албанците од Арачиново кои масовно го подржаа. Во овој случај, според него, Заев нема да ги добие повторно албанските гласови.

„90% од албанците ја гледаат Македонија како членка на ЕУ, и верувам дека мнозинство од албанците кои дадоа глас за Заев, разбраа дека се излажани од него и нема да го подржат повторно. Тој во Арачиново не направи ниту канализација, ниту вработи пилоти и ниту доби датум за во ЕУ. Секој граѓанин во Македонија, без разлика на неговата етничка припадност, гледа каков непотизам и корупција доминира. Од времето на комунизмот и до ден денеска не сме виделе бандити, криминалци и фашисти како сега, и сето ова во име на датум за во ЕУ„, изјави Пандов за Журнал.

После негативниот одговор од Франција, денеска пред народот се појави со говор истотака и претседателот на државата, Стево Пендаровски. Тој вели дека ова одбивање не треба да ја промени европската ориентација и дека државата и понатака да продолжи со реформите.

Пендаровски истакна дека за во недела повикал лидерска средба и дека сите лидери одма потврдиле дека ќе присуствуваат./Zurnal.mk / Zhurnal.mk

InterServer Web Hosting and VPS