Барселона одби да го донесе Рабио, па сега треба да му даде цело богатство

Францускиот фудбалер Адриен Рабио на крајот на месецов ќе стане слободен фудбалер, зашто му завршува договорот со ПСЖ.

Рабио во претходните шест месеци не настапуваше, зашто беше отстранет од тимот на ПСЖ, откако одби да потпише нова соработка, па тренираше со јуниорите.

Многумина шпекулираа дека Рабио ќе ја продолжи кариерата во Барселона во која требаше да се пресели како слободен фудбалер, но од тоа на крајот нема да има ништо.

Иако постигна договор со Каталонците, сепак на крајот Барселона се откажа од негово ангажирање, зашто Рабио барал премногу пари, па така го прекршиле пред-договорот.

„Мундо Депортиво“ објави дека Барселона мора да плати два-три милиони евра, зашто го прекршиле договорот, а Рабио најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.

InterServer Web Hosting and VPS