Полицијата упадна во станот на српската пејачка – Најден цел арсенал оружје

Српската пејачка Радојка Кецман уапсена е заедно со државјанин на Шведска со иницијали С.Ж. поради основано сомнение дека извршиле кривично дело неовластено производство и држење на оружје.

Полицијата упаднала во домот на српската пејачка во Нови Сад во станот кој го користи, и нашла две автоматски пушки, а при претресот кај нејзиниот партнер, пронајдени се 11 гасни пиштоли, 11 пушки, 10 пригушувачи и муниција, пренесе српскиот Курир.

Една од пушките била премачкана со бел лак, како што прават често криминалците по кривично дело, за полсно да изгори оружјето.

Полицијата се сомнева дека пејачката и партнерот биле дел од криминална група.

  • Оружјето е релативно ново и ќе биде патено на вештачење, вели соговорник за српскиот Курир.

Полицијата исто така пронашла и повеќе мобилни и лап топи кај пејачката.

Инаку, рада е пејачка која често настапува по српските кафеани, и е препознатлива по своите секси стајлинзи. На нејзиниот Инстаграм често може да се види дека е во друштво со познати имиња од српската естрада.

InterServer Web Hosting and VPS