Кочанчанец осомничен дека го убил својот татко, откако тој ја нападнал неговата мајка

Кочани, 17 октомври– Триесетгодишниот Д.С. од Кочани го извршил убиството врз неговиот 55-годишен татко В.С. во семејната куќа во кочанската населба Усова чешма.

Портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова на денешната прес-конференција рече дека пријавениот кривичното дело го извршил на 30 септември околу пет часот во семјениот дом на ул.„Климент Охридски“ во Кочани, при што со нож му нанел убодни рани во пределот на градите, а кој по кратко време од здобиените повреди починал. Претходно, 30-годишнито Д.С. пријавил дека неговиот татко физички ја нападнал неговата мајка 46-годишната Н.С.

„Одделението за криминалистичка полиција на СВР Штип и надворешната канцеларија за криминалитички работи-Кочани во содејство со Секторот за општ и насилен криминал, единица за крвни и секусални деликти при МВР до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Д.С. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, рече Панајотова.

Д.С.е приведен во полициска станица, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во трање од 30 дена.

InterServer Web Hosting and VPS