УЕФА ги објави најдобрите 11 по квалификациите за ЕП

– УЕФА го објави симболичниот најдобар состав на квалификациските дуели кои се одиграа во последните неколку дена.

По двајца претставници во 11-те имаат Турција и Русија.

Голман: Мерт Гунок (Турција);

Дефанзивци: Мерих Демирал (Турција), Рогви Балдвинсон (Фарски острови), Андреј Семенов (Русија), Еран Захави (Израел);

Халфови: Руслан Малиновски (Украина), Џон МекГин (Шкотска), Денис Черишев (Русија);

Напаѓачи: Роберт Левандовски (Полска), Хари Кејн (Англија), Ромелу Лукаку (Белгија).

InterServer Web Hosting and VPS