Според „Ле Соир“, Колинда Грабар-Китаровиќ е сериозен кандидат за водечка функција во ЕУ

Белгискиот весник „Ле Соир“ во голем текст за можните решенија за водечки функции во европските институции, покрај хрватскиот премиер Андреја Пленковиќ, ја спомнува и актуелната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Белгискиот весник вели дека Колинда Грабар-Китаровиќ има солидно министерско искуство. Таа беше помошник-генерален секретар на НАТО и е претседател на Хрватска од 2015 година.

„Ле Соир“ пишува дека за Грабар-Китаровиќ би можело да има повеќе консензус отколку за Пленковиќ, кој „Ле Соир“ исто така го спомнува како можна опција

InterServer Web Hosting and VPS