Она е првиот ангел на Викторија сикрет кој носи големина 44

После бројните критки за тоа како се вработуваат само преслабите манекенки и влијаат на погрешниот идеал на убавина во современото друшто, брендот Викторија Сикрет решил конечно да направи пресврт.

Викторија Сикрет од сега им дава можност на моделите со облини.

Имено, оваа модна куќа ангажирала, за првпат во нејзиното работење, манекенка која носи конфекциски број 44, за потребите на еденпроект.

Станува збор за 178 сантиметри високата Али Тејт Катлер – заносна бринета со бујни гради и задник, но и тело кое испраќа реална слика за женската убавина.

Оваа дама на Инстаграм ја следат повеќе од 130 илјади следбеници, а таа таму и сама се пофалила дека ќе работи за Викторија Сикрет.

-Без оглед на тоа што сум прилично загреана за соработка со брендот кој сум го идеализирала во тинејџерските денови, сметам дека тоа е одличен чекор во вистинска насока“, напишала таа, алудирајчи на фактот дека разноликоста во обликот и градбата на телото досега не бил случај на ревиите и на рекламите на оваа компанија.

InterServer Web Hosting and VPS