Нејмар со жешка хрватска манекенка ја лекува повредата!

Според извештаите на медиумите, 27-годишната убавица е видена на натпреварите на францускиот фудбалски клуб ПСЖ, а прашање е моментот кога својата врска ќе ја потврди со заедничко појавување во јавноста.

Инаку, Наталија веќе е позната по врската со друг славен маж. Станува збор за колумбиски поп и реге пејач Малума, со вистинско име Хуан Луис Лондон Ариас, со кој лани дојде во Хрватска.

Наталија е поранешна балерина, манекенка која се појави на насловните страни на „Максим“, „Ескире“, родена во Калифорнија, Хрватка по нејзиниот татко.

– Делумно сум Хрватка. Какво ли е само задолството што сум за прв пат во оваа прекрасна земја“, напиша таа под фотографијата од Дубровник минатата година.

Малума и Наталија прво пристигнаа во Дубровник. Се отселија во Екцелсиор, вечераа во Наутика, а се забавуваа во Ревелин.

Пред да дојдат во Хрватска, тие беа на Светското првенство во Русија, но овој пат нема да го паметат по добро.

Малума престојувал во хотелот „Четири сезони“ во близина на Кремљ и Црвениот плоштад во Москва, а додека тој не бил во собата, на 14 јуни непознат крадец му украл накит во вредност од околу 600.000 фунти.

Колумбискиот пејач случајот пријавил во полиција, а исто така украдени му се и златни нараквици на „Картие“, шест пара обетки, часовници, прстени, луксузни очила за сонце и ранци потпишани од Луис Витон.

Нејмар моментно се опоравува од повреда, неговиот клуб ПСЖ потврди дека во наредните четири недели ќе биде надвор од фудбалските терени./slobodenpecat.mk

InterServer Web Hosting and VPS