Сонот на Косово трае, остануваат со шанси за пласман на ЕП

До крајот на квалификациите за пласман на ЕП 2020 остануваат да се одиграат уште два натпревари, а Косово заостанува само еден бод зад второпласираната Чешка во групата А и четири зад лидерот Англија.

Косово синоќа на домашен терен ја совлада Црна Гора со 2:0 и остана во трката за една од позициите кои носат пласман на континенталниот собир. Според правилата двете првопласирани репрезентации обезбедуваат пласман на ЕП.

На средбата во Приштина стрелци на головите беа Ведат Муричи и Амир Рахмани.

До крајот на квалификациите, во ноемврискиот термин, Косово ќе игра со Чешка на гости и со Англија на домашен терен. Секако дека ова се два супер тешки натпревари за оваа репрезентација, но според досега прикажаното ништо не е невозможно.

Косово е дебитант во овие квалификации и има само еден пораз, оној на госстувањето во Англија. Тоа е единствениот пораз на Косово од ноември 2017 година на официјален или пријателски меч.

Токму косовската репрезентација е противник на Македонија во полуфиналето од Лигата на нации, натпреварување кое се игра за прв пат, а победникот во плеј офот исто така обезбедува пласман на ЕП.

Табела А група: Англија 15 бода, Чешка 12, Косово 11, Црна Гора 3, Бугарија 3.

InterServer Web Hosting and VPS