Манчини на клупата на „аѕурите“ до 2022 година

Роберто Манчини ќе остане на клупата на италијанската фудбалска репрезентација до 2022 година, пренесуваат медиумите на Апенините. Договорот кој беше потпишам минатата година, наводно е продолжен бидејќи Манчини успеа да ги однесе „аѕурите“ на Европското првенство 2020 година.

Тој имаше можност да ја напушти репрезентацијата на Италија по завршувањето на евроквалификациите, но сепак реши да остане на клупата.

Со победата над Грција на свој терен со 2-0 фудбалерите на Италија обезбедија пласман на ЕВРО 2020 три кола пред крајот на квалификациите.

InterServer Web Hosting and VPS