Платата на Балотели ќе порасне четири пати, или ќе му се раскине договорот

Платата на напаѓачот на италјанскиот фудбалски прволигаш Бреша, Марио Балотели може да порасне четири пати, информира „Кориере дела Сера”. Сега 29-годишниот Италијанец заработува по еден милион евра годишно.

Ако оваа сезона тој ќе постигне најмалку 15 голови, а Бреша остане во Серија А, тогаш платата ќе му се зголеми на четири милиони. Во спротивно, ако Бреша испадне во втората лига, договорот со Балотели ќе биде раскинат автоматски.

Покрај тоа, договорот има и клаузула според која Балотели може да замине бесплатно доколку добие предлог од врвен клуб. Во моментов Бреша сега се наоѓа на 16. место во Серија А.

InterServer Web Hosting and VPS