Ќе се намали цената на зелениот картон за возилата

Работиме на намалувањето на цената на зелениот картон за осигурување на возилата при патување во странство, најави премиерот Зоран Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Куманово.

Тој додаде дека за намалувањето на цената на зелениот картон на ниво на земјите во регионот се преговара со осигурителните компании, како и за сè она што претставува трошок во зелениот картон.

– Сакаме да го намалиме зелениот картон, сакаме да ги поедноставиме патарините што се плаќаат за патишта, сакаме да ја рационализираме и поедноставиме регистрацијата на возилата и со тоа да им заштедиме на граѓаните од трошоците, да им вратиме пари назад на граѓаните – порача Заев на трибината.

InterServer Web Hosting and VPS