Денко Малески: Интересот на нашиот сојузник Франција

Универзитетски професор и поранешен министер за надворешни работи, Денко Малески во неговата последна колумна напиша: “Денешната изјава на премиерот Зоран Заев дека е сигурен дека на 17 и 18 октомври ќе добиеме датум за почеток на преговори е на линија на она што наназад месеци го повторува македонското политичко раководство. Тоа што го велат политичарите, пак, во целост се поклопува со желбата на народот на Република Северна Македонија. Но, светското и нашето искуство ни вели да бидеме внимателни зошто желбите често не се поклопуваат со суровата реалност во која интересите надвладуваат.

Ставот на Франција кажува дека не е во интерес на оваа голема сила да отпочнат преговори со Северна Македонија и Албанија. Не е во интерс затоа што оваа голема демократија има сопствено видување како треба да изгледа сојузот кој таа го предводи. Тоа ја прави нашата ситуација многу сериозна, без оглед на поддршката на огромното мнозинство држави членки на ЕУ. Сите надежи се сега во Ангела Меркел која ќе се обиде да го наговори Макрон да попушти, исход кој сите го посакуваме во Македонија. Но, она мало искуство што го имам во образованието ми вели дека француските школи се од построгите во светот и таму нема попуштање, а дека во политиката Франција одолева и на притисоци од САД, а камоли од оние на земјите членки на ЕУ. Стискаме палци да успее посредништвото на Меркел, но да бидеме спремни и на неуспех. Ако тоа се случи, мирно треба да ги проучиме позициите на Франција, која не посакува за партнер, а партиите ќе треба да се погледнат во огледало и да се запрашаат зошто после толку години не успеваат да произведат успешен политички систем и пристојна правна држава, кои без проблеми би не направиле дел од ЕУ.”, пишува универзитетски професор и поранешен министер за надворешни работи, Малески

InterServer Web Hosting and VPS