За Словенија Турција повеќе не е безбедна земја

Словенечката Влада денеска усвои декрет за ажурирање на листата на безбедни земји, со што се додадени уште тро држави, а отстранета е Турција. 

Претходната листа на безбедни земји е составена во 2016 година, а нејзиното постоење значи дека Словенија веќе нема да ги враќа мигрантите или да ги екстрадира осомничените во држави кои не се наоѓаат на таа листа. На листата се наоѓаат Северна Македонија, Србија, Бангладеш, БиХ, Египет, Црна Гора, Мароко, Тунис и трите дополнителни држави Грузија, Непал и Сенегал, односно земји кои не се членки на ЕУ, а кои врз основа на неколку фактори се вбројуваат во безбедни земји. 

Некои од факторите се дека во земјата не се врши прогон, малтретирање, нехумано однесување или казнување, како и дека нема опасност од внатрешни или меѓународни судири. Иницијативата Турција да се отстрани од листата е покрената минатата година, откако Словенија ги одби барањата за азил на 38 лица од Турција. 

Таквиот потег следува откако шведски медиуми пред еден и пол месец објавија дека турската амбасада во Љубљана ги шпионира критичарите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кои живеат во Словенија и за кои постои сомнеж дека се приврзаници на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

InterServer Web Hosting and VPS