Иднината е во електриката најавен Lexus BEV Concept

На 46-от салон за автомобили во Токио ( од 23 октомври до четврти ноември 2019)ќе биде промовиран и новиот електричен концепт на Lexus …

Станува збор за Lexus BEV concept – (Battery Electric Vehicle) што ја претставува насоката во која ќе се движи луксузната јапонска марка во сопственост на Toyota.

Јапонците деновиве објавија тизер слика и многу куса најава во вид н видео запис, а за поконкретни детали Lexusu BEV concept ќе мора да почекаме до отварањето на Салонот во Токи.

Како и што се очекува , BEV concept е најава на идните сериски електрични автомобили на Lexus.

Тука треба да потсетиме дека во април годинава за време на салонот на автомобилите во Шангај, Јошикиро Сава (Yoshihiro Sawa) првиот човек на Lexus го потврди доаѓањето на целосно електричниот автомобил, и тоа за пазарите во Европа и во Кина.

Но  тој не можел да каже кога ќе се појави на пазарот и каков ќе биде тој модел. 

InterServer Web Hosting and VPS