Авион принудно слета во Украина, четворица загинати

Четири лица загинаа кога авион Антонов АН-12 слета во Украина, соопшти Министерството за инфраструктура. Транспортниот авион АН-12 морал итно да слета во близина на градот Лавов бидејќи му снемало гориво.

Според првичните информации, четири лица загинале при принудното слетување на авионот во близина на аеродромот, напиша украинскиот министер за инфраструктура Владислав Криклиј на својот профил на „Фејсбук“.

Во соопштението на итната служба се вели дека советски авион со четири мотори исчезнал од радарот утрово во 6.10 часот, на 13,7 километри од аеродромот.

Еден член на екипажот на авионот ја повикал итната служба 19 минути подоцна, велејќи дека авионот принудно слетал на оддалеченост од еден и пол километар од аеродромот во Лавов. Во авионот имало седум членови на екипажот.

InterServer Web Hosting and VPS