Motorola One Macro со три камери и виолетова боја!

Никој не знаеше за постоењето на Motorola One Macro се до пред четири недели кога започнаа да се појавуваат неговите спецификации.

Овој пат, станува збор за специфична верзија од уредот наречена ‘Cosmo’ Motorola One Macro која има виолетова боја во неколку нијанси. Овој дизајн е придружен од скенер за отпечатоци кој се наоѓа под логото на задниот дел и вертикален систем камери.

Кога сме кај камерите, токму поради нив уредот го има добиено името. Има три камери од кои главната е со 13 мегапиксели и е придружена од втора којае е макро камера од 2 мегапиксели и трета од 2 мегапиксели.

Budget Motorola One Macro with triple-camera setup leaks in purple

Иако големината на дисплејот не е позната, знаеме дека ќе има 19:9 тело-дисплеј сооднос со тенки рамки. 

Последно, во внатрешноста ќе се наоѓа Helio P60 кој е сличен со Snapdragon 660 и ќе биде придружен од 2GB RAM/32GB меморија. 

Најавувањето на Motorola One Macro ќе биде на 9 октомври./gsm.mk

InterServer Web Hosting and VPS