Трагедија во домот на познатата балканска пејачка- почина нејзиниот сопруг по долгата и тешка болест

Сопругата на босанската фолк пејачка Елма Синановиќ, Смаил Синановиќ почина по долгата и тешка болест, пренесуваат српските медиуми.

Оваа тажна вест ја потврдила и нејзината ќерка Хулија преку социјалната мрежа Инстаграм.

-Алах џенет да ти даде, бабо мој. Те сака твоето дете најмногу, не знам како ќе живеам без тебе, напиша таа.

Инаку сопругот на пејачката бил успешен новопазарски бизнисмен. Парот бил сопственик на ресторан и повеќе различни трговски бизниси во Нови Пазар.

Тој исто така е најзаслужен за нејзината кариера како нејзин менаџер, а пејачката со неколку звучни хитови се прослави во 2005-та година./kurir.mk/

InterServer Web Hosting and VPS