Настрадаа лигаментите на коленото: Реал Мадрид без Начо во наредните два-три месеци

Фудбалерот на мадридски Реал, Начо Фернандез, ќе биде надвор од терени во наредните два до три месеци, објави шпанска „Марка“. Дефанзивецот на „кралевите“ се здоби со повреда на коленото во мечот со Бриж (2:2) во второто коло од групната фаза од Лигата на шампиони.

Начо бепе заменет на полувреме, а лекарските прегледи покажаа оштетување на лигаментот на десното колено. Оваа сезона, тој одигра три натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања.

InterServer Web Hosting and VPS