Заев: Регионот е сменет, се стреми да ги решава проблемите

“Добрата вест за почнување преговори со ЕУ ќе влијае позитивно на целиот регион и на Унијата”, истакна премиерот Зоран Заев на отворањето на Самитот на „Економист“, што се одржува денеска во Скопје.

Регионот е сменет, се стреми и создава услови за натамошен развој и интегрирање”, дополни тој

Како што рече премиерот Зоран Заев, регионот станува пример дека со заедништво и решенија може да се надминат проблемите.

“И мала држава како Република Сверна Македонија може да носи порака на свежина, промена и надеж и да биде добра вест”, рече Заев, и додаде дека Договорот од Преспа е пример за силата на дипломатијата и дијалогот.

„Тој е корисен пример за многу други отворени прашања. Секој проблем е различен и специфичлен, но дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање. Како лидери на своите земји им должиме на граѓаните да ги решаваме проблемите, да го одржуваме мирот и да создаваме услови за развој и подобар живот на сите“, рече Заев.

Од овде преку еминетниот „Економист“ сакаме низ светот да одекне добрата вест дека овој регион е сменет и дека регионот нема повеќе да биде заглавен повеќе не е заглавен во конфликти и во безидејна иднина”, додаде тој.

Учесниците на Самитот дебатираат за тоа што може да се направи за да се обезбеди побрз раст и да се зголемат инвестиците во регионот.

InterServer Web Hosting and VPS