Рио Фердинанд по смртта на сопругата повторно се ожени, со 13 години помлада

Фудбалерот Рио Фердинанд (40) се ожени со ријалити sвездата Кејт Рајт (27) овој викенд во луксузен хотел во Турција.

Оваа информација ја откри ексклузивно градоначалникот на Мармарис, кој потврди дека го венчал парот на граѓанска церемонија. Мехмет Октај за турските медиуми изјави дека тој лично ја венчал славната двојка, четири години откако Фердинанд ја загубил сопругата по долго и тешко боледување.

Рио и неговата сопруга Ребека имаат три деца, а Лоренс, Тејт и Тија, наводно, биле највесели на свадбата, затоа што ја обожаваат својата маќеа. Британски „Сан“ претходно објави дека гостите, роднините и пријателите отпатувале за Турција.

Фудбалерот и ријалити ѕвезда се во врска две години, а се свршија во ноември лани. Рио ја запроси на покривот на зграда во Абу Даби, а со нив биле и неговите три деца.

Пред три години, во документарецот „Да се биде мама и тато“, Рио првпат зборуваше за смртта на неговата сопруга, која почина од карцином во 2015 година, а потоа ги сподели со светот последните зборови што би ѝ ги упатил доколку имал шанса за тоа.

– Да имав уште една минута со Ребека, веројатно ќе ја … дефинитивно ќе ја прашав што сака за нашите деца додека растат – додаде Рио со треперлив глас.

Ребека Елсон почина во 2015 година, откако се бореше со карциномот на дојка. Имаше само 34 години. Таа зад себе остави сопруг и три деца, двајца сина и ќерка.

– Нивните семејства и пријатели веќе се таму и им ги одзеле мобилните телефони за да не можат ништо да фотографираат – рекол извор близок на двојката за „Сан“./plusinfo.mk

InterServer Web Hosting and VPS