Рики Мартин ќе стане татко по четврти пат

Рики Мартин и неговиот партнер Џуан Јосеф ќе станат родители по четврти пат, пишуваат светските медиуми. Пејачот убавите вести ги сподели за време вечера организирана по повод кампањата за човекови права во Вашингтон.

Пејачот откако ја прими наградата за залагање за правата на луѓето на ЛГБТ заедницата ги сподели убавите вести.

Тој и Џуан новото дете ќе го добијат од сурогат мајка. Рики е веќе татко на две близначиња, 11 годишните Матео и Валентино Мартин и на деветмесечната Лусија Мартин-Јосеф.

Рики Мартин и Џуан се заедно од 2016 година, а во брак се од минатата година.Текстот Рики Мартин ќе стане татко по четврти пат е превземен од Reporter.mk.

InterServer Web Hosting and VPS