Сицилијански готвач уапсен со марихуана, вели дека испробувал нови вкусови

Сицилијанскиот готвач е уапсен под сомнение дека продавал дрога кога полицијата пронашла канабис во неговиот дом, јавуваат италијанските медиуми.

Полицијата објавила дека пронашла две големи стебла марихуана и еден килограм индиски коноп во домот на Кармел Кијарамонте, пренесува Би-би-си.

Во неговиот дом во Катанија е запленето вино со вкус на канабис, како и маслинки, кафе и туна, во кои се откриени траги од марихуана.

Кармело, наводно, на службениците за спроведување на законот им рекол дека само испробувал нови вкусови.

Тој се опишал себеси како консултант во областа на агрохраната во кујната на третиот милениум, пишува италијанскиот весник „Ла Сицилија“.

Шефот Кијарамонте (50) ја водел емисијата „Неморални рецепти и храна со афродизијаци“, пишува италијанскиот весник.

Тој е пуштен на слобода и го чека судењето.

InterServer Web Hosting and VPS