Џонсон ги негира тврдењата за сексуално вознемирување две жени

Портпаролот на британскиот премиер, Борис Џонсон, денес ги отфрли обвиненијата дека Џонсон сексуално вознемирувал две жени пред 20 години.

Овие обвинувања го ставија во втор план отворањето на годишната конференција на Конзервативната партија во неделата, пренесува „Ројтерс“.

„Овие обвинувања не се точни“, рече портпаролот на Џонсон.

Колумнистката Шарлот Едвардс напиша во „Сандеј тајмс“ дека Џонсон ја допирал за време на ручекот во 1999 година додека бил уредник на списанието „Спектатор“.

„Ја почувствував раката на Џонсон на мојот бут под масата. Го стегаше. Се качуваше нагоре, па морав да станам“, напиша таа додавајќи дека ѝ се доверила на колешка што седела од другата страна на Џонсон и која ѝ рекла дека британскиот премиер и неа ја допирал.

По негирањата од Даунинг стрит, Едвардс на „Твитер“ напиша дека ако премиерот не се сеќава на настанот, таа има подобра меморија од него.

Во интервју за Би-би-си британскиот министер за финансии, Саџид Џавид, одби да ги коментира тврдењата велејќи дека Џонсон му кажал оти тие се неточни.

InterServer Web Hosting and VPS