Кинеската полиција со дрон откри бегалец кој 17 години се криел во пештера

Полицијата во Кина со помош на дром пронајде и уапси осуден шверцер, кој бил во бегство веќе 17 години. Полицијата во Јонгшан повеќепати имала неуспени обиди да го пронајде Сонг Jианг (63), иако имале пријави и индиции дека тој можеби се наоѓа во планините зад неговиот роден град во провинцијата Јунан, јужна Кина.

Екипите го барале Сонг во непристапен терен со густа вегетација. Откако не нашле никаква трага од него, тие побарале беспилотни летала од локалната полициска служба за да го лоцираат одозгора. Дронот забележал сино челичен покрив на стрмна карпа. Исто така, бил откриен отпад пред нешто што наликувало на пештера. Кога тимовите за пребарување дошле на локацијата, пред пештерата го пронашле Синг, затвореник кој би осуден за трговија со жени и деца, но кој избегал од затвор во 2002 година.

Полицијата соопшти дека Сонг живеел во пештера со големина помала од 21 квадратни метри и премногу мала за да застане еден просечен човек.

Сликите од внатрешноста на пештерата кои ги објави полицијата, покажале зацрнети садови за готвење, како и импрозориран кревет. Инспекторите соопштија дека бегалецот голго живеел во изолација и имал проблеми во комуникацијата со полицајците.

Тие рекоа дека Сонг не се капел и не ги перел алиштата долго време. Сам се потшишувал и користел пластични шишиња за да донесе вода од планината за пиење и за готвење. Тој е вратен во затворот од кадешто побегнал

InterServer Web Hosting and VPS